Uncategorized

Најавен протестен марш за поддршка на жртвите на „Јавна соба“

Не стивнуваат реакцииите за скандалот Јавна соба на Телеграм и по вчерашото затворање на групата и апсење на 4 лица кои биле директни учесници во злоупотребата на фотографии и лични податоци на жени и девојки.

На оваа социјална мрежа не само што постојат и други вакви  групи, туку се отвораат и нови. Од Платформата за родова еднаквост за идната среда најавуваат протестен марш за поддршка на жртвите и велат дека овој случај е шанска институциите да покажат дека се залагаат за женксите права и во пракса а не само декларативно.

„Бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство. Бараме соодветни казни за администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и се уште праќаат фотографии и пишуваат лични податоци на девојки и жени. Бараме и инсистираме сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик. Бараме соодветна грижа за жртвите од надлежните институции. Неколку приведени членови и санирање на штети нема да нè замолчат. Будно ги следиме институциите и бараме сеопфатни решенија за превенција на родово базирано насилство#, наведуваат од Хелсиншки комитет.

На ФБ се огласи и министерот за правда Бојан Маричиќ кој реча дека овој случај треба да биде катализатор за  потребните законски измени да се случат побрзо, а јавната свест да се издигне на повисоко ниво и изрази поддршка на жртвите.

„Министерството за правда ги изработи измените на Кривичниот законик со кои се обезбедува значително поголема заштита на жртвите, како оние од „Јавна соба“. Измените се во согласност со Истанбулската конвенција и опфаќаат широк спектар на случаи кога жртви на сексуално, психичко и физичко насилство се жените“, напиша Бојан Маричиќ, министер за правда.

 

Скандалот се актуелизираше  деновиве откако млада жена јавно проговори за злоупотребата на нејзини  фотографии  и мобилниот телефон  во Јавна соба. Вчера се огласи речиси целиот државен врв, а премиерот Заев се закани дека ќе го блокираат   Телеграм  доколку не ја избрише групата  која шири порнографски содржини. Лани  без епилог остана случајот во кој илјадници корисници  во Јавна соба   споделуваа експлицитни фотографии     на девојки од Македонија, но и на малолетнички.  

Од Обвинителството  рекао дека го следат новиот случај,  а минатогодишниот е се уште во предистрага.  МВР трага по кретаорот  на групата и најавија  нови апсења.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд -Временска прогноза за 25.4.2024

Дејан Дејан

Телма интервју со Срѓан Драгојевиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе