Uncategorized Вести Македонија Најважни

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Во срцето на Пелагонија, во Општина Могила, се наоѓа селото Путурус, поим кој за битолчани значи крај на светот, затоа што до него тешко се стигнува, а патот пред селото е земјен. Низ кал и треви утрово тешко се проби и избирачкиот одбор до гласачкото место кое е во руиниран објект и под ист покрив со плевна.

На избирачкото место 215, во пелагониското село Путурус, се гласа во некогашната селска продавница, руинирана просторија, со таван кој прокиснува и распадната дограма.

За членовите на избирачкиот одбор да не ги врне од отворениот покрив и да не седат во дупките полни со вода на подот, Томе Бошевски, жител на Путурус, заедно со сопругата, малку ја уредија просторијата, ја закрпија со најлони и ги исчисти пајажината и глувците.

„Таванот е паднат, го затворав со најлони. Долу на подот дупките сам ги бетонрав. Со жената ги измивме ѕидовте“, вели Томе Бошевски, жител на Путурус.  

Две недели претходно жителите на Могила на социјалните мрежи објавија видео со бали сено во избирачкото место, дупки во подот, испаднат малтер од ѕидовите и таванот.

Од избирачкиот одбор се лути на ваквите услови, но на шега велат дека местото е уникатно и бараат надлежните да овозможат достоинствено да се спроведува изборниот процес во Путурус.

„Местото е премногу егзотично и интересно. Со залагање на мештаните нешто е коригирано, но мислам дека не е до толку дојдена работата ова гласачко место да биде во вакви услови“, вели  Златко Соврески, член на ИО.

Во Путурус има 17 жители со право на глас, запишани во избирачкиот список, иако според последниот попис има само двајца жители. Другите доаѓаат да гласаат од Битола, каде велат се иселиле поради испустеното село.

„Се преселивме поради патот, условите, децата, внуците, школото“, вели Раде Бошевски.

„Гледате какви се можностите за живот. Нема вода, многу бевме оптоварени со водата, носевме за стоката, за пиење“, вели Ленче Бошевска.   

Двајцата постојани жителите, не го даваат  руинираното гласачко место и му пркосат на иселувањето поради кое  го згаснува селото.

-Само да не се изгуби избирачкото место. Ако трае ќе се знае дека Путурис е уште живо село. Ако нема луѓе тука ќе дојдат и ќе гласаат тие што се иселени, рече Лилјана Бошевска, жителка на Путурус.  Од 1,07 до крај

Додека жителите на Путурус очајнички се борат за распаднатото гласачкото место, од избирачкиот одбор уште незавршен  изборниот ден, размислуваат како овде ќе се вратат на 8 мај.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе