Спорт Фудбал

Ливерпул ќе плати 11 милиони евра обештетување за новиот тренер

Холанѓанецот Арне Слот ќе биде наследникот на Јирген Клоп на клупата на Ливерпул следната сезона. Премиерлигашот успеа да се договори со Феенорд за откуп на неговиот договор.

„Црвените“ ќе платат 9 милиони евра обештетување за Слот и дополнителни два милиони во бонуси. Клубот сега ќе се обиде да ги договори личните услови со холандскиот стратег, кој од 1 јули треба да почне со работа на „Енфилд Роуд“. Челниците на Ливерпул се одлучија за Слот поради неговата офанзивна филозофија во пристапот кон фудбалот, но и поради фактот што е тренер кој знае како да развива играчи да го достигнат својот најголем потенцијал.

Тој лани ја освои шампионската титула во холандското првенство со Феенорд, а оваа сезона најверојатно ќе заврши на 2.место, но го освои Купот.

За потсетување, Јирген Клоп уште во јануари објави дека по завршувањето на оваа сезона го напушта Ливерпул по 8,5 години на клупата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Пет натпревари суспензија за Мадибо по тешката повреда на Коне

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе