Ракометарите на Вардар во дуелот против вечниот ривал Еурофарм Пелистер успеаа да забележат победа од 24:20 и да се вратат во трката за освојување на шампионската титула.
Најефикасен во победничкиот тим со шест погодоци беше Косуке Јасухира, а по четири постигнаа Гоце Георгиевски, Стефан Петриќ и Хансер Родригез додека голманот Мартин Томовски имаше 12 интервенции.
Кај Битолчани прв стрелец со шест гола беше Нејц Цехте, а по четири пати прецизни беа Богдан Радивојевиќ и Жарко Пешевски.
ФОТО: Игор Паневски