Вести Избори 2024 Македонија Претседателски избори 2024

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ја потопи оваа власт

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема грешка, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Ветив дека ќе победиме со најмалку 100.000 гласови разлика, победуваме со повеќе од 170.000 гласови. Зборувавме дека многу работи ќе се случат не ни веруваа, нè потценуваа, мислеа дека си имаат работа со мали деца. Но, ние благодарение на народот покажавме и докажавме дека Македонија ја има и ќе ја има уште многу долго време. Ветував многу работи и сите работи се случија, не напаѓаа и од внатре, ни се закануваа, се обидуваа да не делат, се обидуваа да ја делат Македонија, користеа структури од минатото на ВМРО-ДПМНЕ, но ние издржавме. Ви благодарам од срце народе на Македонија. Ветував дека ќе се случи народ и денеска се случи народ. Ова е голема победа за македонскиот народ. Пораката е јасна, Македонија не се плаши и се враќа во рацете на народот. Ние заедно со вас наспроти стотина трговци од ДУИ и СДСМ се причина за целото страдање сиромаштија и криминал во Македонија. Нашата сила сте вие народот“, кажа Мицкоски.

„Резултатите кои ги постигнавме оставаат простор да бидеме задоволни, имаме огромна историска победа на многу избирачки места. Оваа власт паѓа. Ова е најдобриот резултат што ВМРО-ДПМНЕ го имала од позиција на опозиција. Над 600.000 луѓе гласаа против власта, ова е победа на народот, цунамито се крена, а на 8 мај ќе ги потопи целосно. Имаме обврска да им ги срушиме сите идеи за калкулации и предавство. Ова е револуција на народот на Македонија. Работата не е завршена, а власта не е нималку наивна. На осми мај е потребен убедлив резултат, јасна победа врз оваа криминална и корумпирана власт“, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој упати порака до оние кои излегле и гласале за власта дека нема да има освета кон било кој.

„Ги почитувам вашите уверувања, повеќе никој не смее да ве плаши. Единствено треба да се плашат тие што се огрешиле кон законите, а со тоа се огрешиле кон народот. Е тие ќе одговараат“, кажа Мицкоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување 

Дејан Дејан

Шест деца се ранети денеска во руски напад врз регионот Харков

Дејан Дејан

(видео)Запален Куранот и палестинското знаме во Малме, каде се одржува Изборот на песна за Евровизија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе