Одбојка Спорт

Одбојкарите против Чешка за трето место во групата

Македонската машка одбојкарска репрезентација вечерва од 20 часот во арената Борис Трајковски го игра последниот натпревар од фазата по групи на Европското првенство.

По двата стартни триумфи во соочувањата со Данска и Црна Гора следуваа очекувани порази од фаворитите Полска и Холандија, но вечерва во дуелот со Чешка составот предводен од селекторот Јошко Миленковски ќе се обиде да стигне до нова победа која би го донела третото место во групата.

Нашата селекција веќе го постигна најголемиот успех во историјата. Оваа генерација на македонски одбојкари конечно го реализираше сонот да се биде дел од елиминациската рунда на континенталните шампионати, а сега има шанса да го подобри учинокот и настапот во оваа фаза од натпреварувањето да го заврши на најдобрата позиција.

Единствен проблем за Миленковски е повредата на капитенот Никола Ѓорѓиев, кој поради болки во грбот го пропушти вчерашниот натпревар со Холандија, но веруваме дека тој како и во минатото ќе даде се од себе да се појави на теренот и да им помогне на колегите во овој натпревар.

Ова ќе биде вкупно четврти дуел со Чесите. Во минатото противникот секогаш успевал да стигне до победа, а сега имаме историска шанса низата да ја прекинеме и со триумф да го завршиме овој сегмент од натпреварувањето.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расел славеше во Австрија, Антонели останува лидер во Формула 1

Sportska Redakcija

 Огура испиша историја во Асен, Мартин нов лидер во Мото ГП

Sportska Redakcija

Ивановски поразен во финалето на М25 турнирот во Загреб

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе