Вести Економија Македонија Најважни

Поскапува регистрацијата на возилата, се зголемува цената на задолжителната осигурителна полиса

Поскапува регистрaцијата на возила. Граѓаните ќе мора да издвојат повеќе пари, откако осигурителните компании одлучија да ја зголемат сумата за задолжителната осигурителна полиса за 15,4 отсто.

Па, ако досега за возило од 44 до 55 киловати се плаќаше 5.453 денари, новата цена ќе биде 6.292 денара. Поскапувањето е пропорционално во зависност од зафатнината на моторот кој е вграден во возилото.

Промена во цените нема само кај возилата до 44 киловати.

Од Националното биро за осигурување велат дека зголемувањето е реално. Потегот го правдаат со тоа што цената  на полисата не е променета повеќе од 10 години, а трошоците за работа на компании значително пораснале. Со претхоните цени во прашање било доведнео функционирањето на осигурителните компании.

Порастот на цената е предизвикан од континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција. Општиот пораст на цените од 2008 до 2023 година изнесува 61,56%, се вели во дописот на Националното биро за осигурување

На поскапувањето реагираа од Агенцијата за супервизија на осигуреници. Тврдат зголемувањето на цената е неоправдано, а доставиле и предлог до Министерството за финансии.

Во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, пишува во соопштението на АСО

По дописот од АСО, финансии во понеделник на седница ќе ја проверува оправданоста и исправноста на донесените одлука од страна на компаниите од овој бизнис.

Министерството за финансии врз основа на добиеното известување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување, која е регулатор на осигурителниот сектор, се обрати и до Комисијата за заштита на конкуренцијата, за да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување, се вели во допсиот на Министерството за финансии

 Одлуката за зголемување на цената на овие осигурителни полиси стапи на сила од вчера.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вчера имало проблем со електроенергетската мрежа во Македонија и можело да има сличен колапс и снемување струја како денеска во половина балкански држави, тврдат во БиХ?

Дејан Дејан

Во Пакистан експлодира бомба крај пат при што загинаа пет војници

Дејан Дејан

Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Велес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе