Ракомет Спорт

Македонија ги доби ривалите на ЕП 2024, натпреварите ќе ги игра во Дебрецен

Македонската женска ракометна репрезентација ги доби ривалите на Европското првенство што годинава ќе се одржи од 28 ноември до 15 декември во три земји, Унгарија, Швајцарија и Австрија. Нашата селекција натпреварите ќе ги игра во Дебрецен.

На денешната ждрепка во Виена, Македонија беше извлечена во рамки на Групата А, каде за ривали доби два гиганти, Шведска и ко-домаќинот Унгарија. Третиот наш ривал е селекцијата на Турција.

Во рамки на првото коло ќе ги одмериме силите со Шведска на 28 ноември, а два дена подоцна играме со Турција. На 2.декември е закажан дуелот со ко-домаќинот Унгарија.

Само првите две репрезентации од групите продолжуваат во главната фаза на турнирот.

Група Б (Дебрецен): Црна Гора, Романија, Србија, Чешка
Група Ц (Базел): Франција, Шпанија, Полска, Португалија
Група Д (Базел): Данска, Швајцарија, Хрватска, Фарски Острови
Група Е (Инсбрук): Норвешка, Австрија, Словенија, Словачка
Група Ф (Инсбрук): Холандија, Германија, Исланд, Украина

Фото: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кастратовиќ во Куќата на славните на ЕХФ

Дејан Дејан

(Фотогалерија) По гол и бод за Вардар и Тиквеш на Градски

Дејан Дејан

Најтрофејниот скијач во историјата наговести крај на кариерата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе