Вести Свет Топ вести

Ентони Блинкен до Си Џипинг: Поддршката за руската одбрана ја загрозува европската безбедност

Поддршката за руската одбрана ја загрозува европската безбедност, ова е главната порака на американскиот државен секретар Ентони Блинкен кој во Пекинг се сретна со кинескиот претседател. Си Џипинг на највисокиот американски дипломат му возврати дека Кина и САД треба да бидат „партнери, а не ривали“ и да избегнуваат да се вклучат во „злобен натпревар“.

  • Поддршката на руската одбранбена индустриска база не само што ја загрозува украинската, туку и ја загрозува европската безбедност. Пекинг не може да постигне подобри односи со Европа додека ја поддржува најголемата закана за европската безбедност од крајот на Студената војна, рече Ентони Блинкен, државен секретар на САД.
  • Кина е подготвена да види самоуверени и отворени САД со просперитет и развој. Се надеваме дека и САД можат позитивно да гледаат на развојот на Кина. Само кога ќе се реши ова фундаментално прашање и кога ќе се закопча „првото копче“, Кина-САД односите навистина да се стабилизираат, да се подобрат и да се движат напред, рече Си Џипинг, претседател на Кина.

Претходно, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји го предупреди Блинкен да не ги гази „црвените линии“ на Кина, на што Блинкен ги повика кинеските власти на одговорност за луѓето шитум светот.

  • Ние секогаш повикуваме на почитување на основните интереси на едни со други и ги повикуваме САД да не се мешаат во внатрешните работи на Кина, да не го лочат развојот на Кина и да не газат на црвените линии на Кина за суверенитетот, безбедноста и развојот на Кина, рече Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина.
  • Но, исто така, да се осигураме дека сме што е можно појасни за областите каде што имаме разлики, во најмала рака да избегнеме недоразбирања, да избегнеме погрешни пресметки кои навистина се заедничка одговорност што ја имаме, не само за нашиот народ, туку и за луѓе ширум светот со оглед на влијанието што односите меѓу нашите земји го имаат низ целиот свет, рече Ентони Блинкен, државен секретар на САД.

Неговото патување доаѓа неколку дена откако САД усвоија закон кој ќе го принуди TikTok, кој е во кинеска сопственост да ја продаде апликацијата или ќе биде забранет во Америка. На што домаќините остро се спротивставуваат. Кина и САД се главните играчи во Индо-Пацификот. Минатата недела Вашингтон го одобри својот најнов пакет помош, кој вклучуваше воена помош и за Тајван. Официјален Пекинг ја осуди американската помош за Тајван нарекувајќи ја „опасна провокација“.

 Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Посредуваше за Пржинскиот договор, ќе посредува и во македонско-бугарскиот спор и ќе олеснува за уставните измени – Ванхојте се враќа во Македонија

Дејан Дејан

Два земјотреса на Тајван еден по друг со јачина над 5 степени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе