Далас поведе со 2-1 против Лос Анџелес клиперс во првата рунда од плеј-офот во НБА-лигата по победата од 101-90 на домашен паркет. Натпреварот беше жесток особено во последниот период кога дојде до мало кошкање меѓу играчите. Расел Вестбрук беше исклучен од натпреварот по еден груб прекршок над Лука Дончиќ, а исклучен кај Маверикс беше и Пи Џеј Вашингтон. Дончиќ имаше 22 поени, 10 скока и 9 асистенции, а Кајри Ирвинг запиша еден поен помалку. Кај Клиперс, Џејмс Харден и Ник Пауел имаа по 21 поен.
Минесота е близу да го збрише Феникс, бидејќи утринава славеше со 109-126 на гостински паркет и поведе со 3-0. Ентони Едвардс имаше 36 поени за Тимбервулфс, а Бредли Бил со 28 поени најмногу се истакна кај Санс.
Индијана славеше со 121-118 против Милвоки по едно продолжение и дојде до водство од 2-1 во меѓусебната серија. Целата стартна петорка на Пејсерс имаше двоцифрен ефект во нападот, а најдобар беше Мајлс Тарнер со 29 поени. Кај Бакс, Крис Мидлтон имаше 42 поени, а Демијан Лилард 28, но без повредениот Јанис Адетокумпо очигледно тимот има многу проблеми во играта.