Политика за приватност и колачиња

telma2mk

Политика за приватност на личните податоци при посета на www.telma.com.mk

Оваа Политика за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА МАКПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму: “корисник”) при посета на нејзината интернет страница www.telma.com.mk (понатаму: ”интернет страница”). Оваа политика за приватност се однесува само за www.telma.com.mk и за поддомените. Доколку е присутен линк што ќе ве поврзе со други страници, не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци што ја обезбедуваат тие интернет-страници.
Секој корисник, при посета на www.telma.com.mk, изјавува дека е запознаен со нашата политика за приватност и дека се согласува со неа.

Податоците што ги собираме и што се чуваат кај нас нема да се објавуваат, да се продаваат или да се доставуваат на трета страна, освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.

ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА МАКПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје го задржува правото да ги користи IP-aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и на законските постапки.

Не собираме никакви информации од финансиска природа, како број на картичка и сл.

За кои цели се користат собраните податоци и информации?
ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА МАКПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје ги обработува Вашите лични податоци за:
– овозможување на online користење на нашите услуги и делови од програмската содржина, со намера за подобрување на корисничкото искуство преку унапредување на квалитетот на услугата кон корисниците, односно поефикасно одговарање на Вашите барања и давање на потребната поддршка.
– администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на интернет страницата, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа.
Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.

На кој начин се врши обработката на личните податоци?
Обработката на Вашите лични податоци ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА МАКПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.
Ги преземаме сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на клиентите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и од злоупотреба.
Со усвоената политика за приватност и за заштита на податоци ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА МАКПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје ја демонстрира посветеноста кон заштитата на приватноста на клиентите.

 

Политика за користење на колачиња (cookies)

Што се колачиња (cookies)?
Колачиња (cookies) се мал сет на податоци, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен уред од страна на веб страниците кои ги посетувате. Колачињата (cookies) можат да бидат прочитани на веб страниците кои ги посетувате или сте ги посетиле, но не можат да бидат искористени за да активираат некаков софтвер или да пренесат вирус до компјутерот или мобилниот уред кој го користите.

Колачињата можат да бидат „постојани“ или „привремени“.

Постојаните колачиња остануваат на Вашиот компјутер или мобилен уред и кога ќе го исклучите интернет пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот.

Колачињата се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (големина на фонт, јазични преференции или како да се прикажува страницата), за да се прилагоди содржината на веб страницата на Вашитe потреби и да се прикаже навигациската историја на истата.

Какви колачиња (cookies) користиме?
www.telma.com.mk користи привремени колачиња што се бришат штом ја прекинете тековната посета на веб страницата, односно штом го затворите Вашиот интернет пребарувач. Овие колачиња се задолжителни и истите не можат да се исклучат, бидејќи обезбедуваат функционалност и правилно работење на веб страницата.

Зошто користиме колачиња?
www.telma.com.mk користи колачиња единствено заради обезбедување на техничка функционалност на веб-страницата. Информациите поврзани со колачињата не се користат за Ваше идентификување.

Рок на задржување на колачињата.
Колачињата се задржуваат на Вашиот компјутер или мобилен уред додека сте присутни на www.telma.com.mk.

Можете ли да ги избришете или да ги контролирате колачињата (cookies)?
Доколку сакате овие колачиња можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страница нема да работат правилно.

Промена на политиката за користење на колачиња (cookies)
Оваа политика за користење на колачиња може да се измени или дополни во зависност од нашите тековни активности или измените во релевантните закони.

Промените во политиката за колачиња и политика на приватност ќе бидат јавно објавени на интернет-страницатa www.telma.com.mk најмалку 10 дена пред да стапат во сила.

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе