Вести Култура

Јовица Тасевски – Етернијан : Книгите ни се посебно потребни денес кога светот е блиску до уништување

Светот на книгите е свет на бескрајните можности , каде што се среќаваат познатото и непознатото. Книгите ни се посебно потребни денес, кога човештвото е блиску до уништување, кажа Јовица Тасевски- Етернијан, поет и програмски директор на НУБ „ Свети Климент Охридски“, во говорот на прославата во пресрет на 23 април- Светскиот ден на книгата и авторското право.

  • Книгите ни се многу потребни денес, посебно денес кога светот станува нетрпелив, брз , дефокусиран. Кога не се чита толку многу, а се пишува непотребно многу. Кога вредностите се изобличени и се губат. Кога човештвото се наоѓа толку блиску до сопственото уништување, рече програмскиот директор на НУБ, Јовица Тасевски- Етернијан.

Без читателот книгата нема вредност . Во ерата на визуелните сензации на интернет и дигиталната комуникација , само квалитетната литература ќе го задржи вниманието на читателот, смета поетот и декан на Филолошкиот факултет, Владимир Мартиновски. Според него, на Македонија и недостига Агенција за книга, која  ќе се грижи за популаризација на пишаниот збор.

  • Во контекст на македонската култура, нешто што е од подолго време констатирано: Нам ни недостига Агенција за книга , која би ги координирала овие процеси, која постојано би работела , книгата да биде во рацете на читателите, кажа деканот на Филолошкиот факултет , Мартиновски.

Овдека е важна улогата на возрасните , пред сѐ на наставниците во училиштата, но и критичарите , вклучени во рецепцијата и вреднувањето на книжевното дело, дополнува Мартиновски.

На свеченоста по повод Светскиот ден на книгата и авторското право, се читаа извадоци од романот „ Дон Кихот“, од шпанскиот автор Мигел де Сервантес, како и македонската и пораката на УНЕСКО за овој ден. А, сите посетители на НУБ, која повеќе од 3 децении го чествува Светскиот ден на книгата, можеа да си земат по некоја од многуте објави што ги подарува библиотеката на овој ден, а во каталонски стил им следуваше и по една роза.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе