Рок-ѕвездата Лени Кравиц ќе настапи на годинашното издание на музичкиот фестивал Охрид колинг, објави продукција Авалон.
Решивме да го вратиме Лени Кравиц во Охрид, на истото место и скоро во истото време, за илинденските празници, на четврти август, велат од Авалон продукција.
Ова е трето гостување на Кравиц во Македонија. Првиот концерт го одржа во Охрид во 2008 година и во 2019 година во Скопје.
Лени Кравиц неговиот нов албум со наслов „Блу електрик лајтс“ излегува на 24-ти мај.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.