Спорт Тенис

Циципас и Руд се пласираа во четвртфиналето во Барселона

По денешните осминафинални пресметки на тенискиот турнир во Барселона, главните фаворити за трофејот Стефанос Циципас и Каспер Руд се пласираа меѓу најдобрите осум, но испадна Алекс де Минор.

Третиот носител на турнирот од серијата 500, Руд со 6-1 и 6-4 го победи Џордан Томсон. Норвежанецот во четвртфиналето ќе игра против Матео Арналди. Циципас пак го совлада Роберто Карбалјес-Баена со 7-5 и 6-3. Грчкиот тенисер, кој е петти фаворит за следен ривал го доби Факундо Дијаз-Акоста од Аргентина, кој во три сета го изненади Фабијан Марожан.

Најголемото изненадување денеска го приреди Артур Фис, кој го победи четвртиот фаворит Алекс де Минор со 7-5 и 6-2. Французинот во четвртфиналето ќе игра против Душан Лајовиќ, кој го елиминираше Алехандро Давидович-Фокина. Последната четвртфинална двојка е Камерон Нори против Томас Мартин Ечевери.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Воска Спорт ја отпиша Македонија ЃП од трката за опстанок во ПМФЛ

Desk

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе