Магазин Наука и здравје Утринска на Телма

Секое 8-мо дете во Македонија има проблем со екстремна дебелина, Светски ден на дебелината со нови анализи за здравствените проблеми поради вишокот килограми  

Најновите податоци покажуваат дека 30,5 отсто од децата од шест до деветгодишна возраст во Македонија живеат со зголемена телесна тежина или дебелина, 13,8 проценти од нив живеат со дебелина или екстремна дебелина. Дебелината е почеста кај момчињата, за разлика од девојчињата, пишува во извештајот кој Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) го објави по повод Светскиот ден на дебелината, 4-ти март.

Според податоците на Институтот, повеќето од децата кои имаат зголемена телесна тежина и дебелина, живеат во урбани средини. Исхрана со високо преработена и енергетски богата храна, како што се додава, е значаен фактор што придонесува кон развојот на зголемена телесна тежина кај децата.

Најновата студија објавена во „The Lancet“ покажува дека, во 2022 година, повеќе од една милијарда луѓе во светот живеат со дебелина. Во светот, од 1990 година, дебелината е зголемена повеќе од двојно кај возрасните, а четирикратно е зголемена кај децата и адолесцентите – од пет до 19 години.

Во Македонија, 28,4 отсто од возрасните живеат со дебелина. кај нас, дебелината кај возрасните е зголемена за 13,6 проценти, а кај децата и адолесцентите за 7,4 отсто, споредено со 1990-та година, се наведува во извештајот објавен на веб-страната на ијз.

Социоекономските карактеристики на семејствата на децата и достапноста на храна во и околу училишната средина влијаат врз навиките за исхрана кај децата. Физичката неактивност кај децата заради намалените можности за безбедни животни средини, што промовираат активна игра и движење на децата, доведуваат до помалку движење и употреба на електронски уреди како клучни детерминанти на дебелина.

Според извештајот, дебелината кај возрасните и децата во Македонија е стабилно на високо ниво.

-Трендовите на зголемена телесна тежина и дебелина кај децата во нашата држава се одржуваат стабилно на високо ниво. потребен е сеопфатен и мултисекторски пристап кон дебелината, од давање приоритет на факторите од животната средина што влијаат врз дебелината, до зајакнување на здравствената заштита за превенција и контролата на дебелината како хронично заболување, посочуваат од ИЈЗ.

Повеќе од 10 години, Институтот и центрите за јавно здравје ја спроведуваат Иницијативата за следење на дебелина кај децата на Светската здравствена организација (СЗО), позната под акронимот COSI, имплементирана во 45 држави од европскиот регион.

Во Утринска на ТВ Телма на темата гојазност, дебелина и подобрување на здравствената состојба гостуваше д-р Маја Милованчева Поповска. Како да се избегнуваат ризиците на секојдневниот живот кои предизвикуваат здебелување и влијание врз здравствената состојба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Промовирани услугите за осигурување на новата компанија „Флекс Брокер“

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Крава „ги нападна“ блоковите на РЕК Битола

Дејан Дејан

Полицијата на Абу Даби чекор пред времето – робот полицаец ги предупредува учесниците во сообраќајот да не прават грешки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе