Одбојка Спорт

Одбојкарите без шанса против Италија: Осминафиналето е успех сам по себе

Македонската одбојкарска репрезентација го заврши настапот на Европското одбојкарско првенство. Денеска во Бари загубивме од фаворитот Италија со максимални и убедливи 3-0.

Македонија ќе го заврши настапот меѓу најдобрите 16 репрезентации во Европа што е огромен успех сам по себе. Конечниот исход денеска беше јасен уште пред да почне натпреварот во Бари. Нашата селекција најмногу покажа во првиот сет што го загуби со 25-20, но во следните два „аѕурите“ беа безмилосни и славеа со 25-12 и 25-15.  Квалитетот на еден од најголемите фаворити сепак беше преголем залак за нашите одбојкари кои на крајот сепак испишаа историја и го имаат најдобриот настап во нашиот трет настап на континенталните турнири.

На Европското првенство на кое бевме еден од ко-домаќините, Македонија оствари две победи во Скопје во рамки на групата Ц. Ги совладавме Данска и Црна Гора во првите две кола што беше доволно да стигнеме до елиминациите. Потоа загубивме од Полска, Холандија и Чешка.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Историски триумф на Тиквеш во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Бостон со победа против Индијана го отвори финалето на Истокот

Дејан Дејан

Милевски повика 27 фудбалери за пријателските со Хрватска и Чешка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе