Вести Забава

100-те највлијателни лица во светот за 2024 година

Американскиот магазин ,,Тајмс” направи истражување на тема: ,, Највлијателни луѓе за 2024 година”. Во истражувањето за највлијателни лица е направена поделба на професии во кои се имаат истакнато овие луѓе.

Во првата категорија, највлијателни лидери, се наоѓаат бразилската министерка за животна средина и климатски промени, Марина Силва, директорот на ЦИА, Вилијам Барнс и шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак.

Во делот на културата и уметноста се најдоа ѝ јапонскиот режисер Хајао Мијазаки, пејачката Дуа Липа, британскиот актер Дев Пател и австралиската пејачка Кајли Миног.

Во листата се наоѓа и палестинскиот новинар Мотаз Азаиза, кој помина речиси четири месеци документирајќи го животот во Појасот Газа по ескалацијата на палестинско-израелскиот конфликт.

На листата на влијателни луѓе се и американскиот рапер „21 Савич“ (21 Savage), нигерискиот музичар Бурна Бој и американската филмска режисерка Софија Копола.

Меѓу 100 највлијателни луѓе во 2024 година е и канадскиот актер Елиот Пејџ, кој во 2021 година стана првиот трансродовиот маж кој се појави на насловната страница на магазинот Тајм.

На листата се и американскиот актер Колман Доминго, кој играше во ТВ сериите „Еуфорија“ и „Fear the Walking Dead“, канадско-американскиот актер Мајкл Џеј Фокс, познат по улогата на Марти Мекфлај во филмот „Назад во иднината“, како и холандскиот Формула 1 возач Макс Емилијан Верстапен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе