Вести Македонија Топ вести

Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера

Првиот круг од претседателските избори мина во, генерално, мирна и демократска атмосфера. Се надеваме дека така ќе биде и за време на кампањата за вториот круг за претседателските избори и за параламентарните избори и дека целиот процес ќе заврши со позитивни пораки, изјави денеска амбасадорот на Европската унија во земјата Дејвид Гир.

„Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР веќе го издаде прелиминарниот извештај од првиот круг на изборите. Изборите се одвиваа во генерално мирна и демократска атмосфера и навистина се надеваме дека во вториот круг на претседателските избори, тие исто така и во кампањата за парламентарните избори тие ќе се надградат во овој позитивен замаец што ќе овозможи целиот процес да заврши со позитивни пораки и со позитивно чувство“, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир, кој денеска присуствуваше на одбележувањето на Европската недела на имунизација во Градски парк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ВМРО-ДПМНЕ е стабилно на 59 мандати, СДСМ и ДУИ се тркаат за еден мандат

Дејан Дејан

Касами – Од утре ги почнуваме преговорите за влада со ВМРО-ДПМНЕ

Апасиев: Имаме сигурни шест пратенички мандати, очекуваме уште еден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе