Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја извести спортската јавност за неговата повредата, но и можноста да не настапи на турнирот во Барселона.
Шпанецот објасни дека има проблеми со десната подлактица, па затоа најверојатно нема да може да ја одбрани титулата на идниот натпревар.
,,Ми беше тешко да ја донесам оваа одлука, бидејќи овој турнир е важен за мене. Сакам да се вратам во Мадрид, но не сум 100 процентно, сигурен за тоа. Ќе се обидеме да дадеме се од себе. Дојдов од Монте Карло да поминам неколку дена дома и да видам дали можам да тренирам. Да закрепнам и во Барселона ќе се потрудам да бидам во најдобрата можна форма. Направив магнетна резонанца во саботата наутро, а сликите покажаа позитивни резултати. Но, во неделата работите, не одеа како што сакав, секој пат кога го зголемував интензитетот на моите форхендови, непријатноста се зголемуваше”, изјави Надал.
Мастерсот во Мадрид, каде што Алкараз треба и да ја одбрани титулата ќе се одржи во периодот од 24 април до 5 мај.