Вести Избори 2024 Македонија

Како се трошат милиони: Десет од избирачки одбор пребројувале 7 гласови и чекаат втор круг на далечниот исток

Двојните избори ќе чинат околу 17 милиони евра, според првичните пресметки на Државната изборна комисија. Но, милиони денари одат за гласањето во дијаспората каде се испраќа цел избирачки одбор од 10 луѓе, а на гласање излегуваат едноцифрен број на гласачи.

Според досегашните резултати кои ги објавува ДИК, најслабо поминало гласањето во амбасадата во Мадрид. Излегле само 7 гласачи, а гласовите ги пребројувале десет членови на избирачки одбор. Во шпанската престолнина победила Силјановска со 4 гласа, два добил Пендаровски, а последниот глас го добил Османи. Со седум пријавени избирачи не треба да се организира и платат избори во дипломатско-конзуларно претставништво, но за Мадрид се пријавиле 18 избирачи, ама после 5-мина не дошле.

Многу повеќе пари се потрошени за гласањето во Пекинг, главниот град на Кина. Се пријавиле да гласаат 12 и ја исполниле квотата. ДИК избрал избирачки одбор од десет и го пратил на пат на далечниот Исток. На денот на гласањето, во амбасадата на гласачкото место дошле само 9-мина, а еден од нив згрешил ливчето кое му е прогласено за неважечко. Пендаровски победил со 4 гласа, Ванковска добила два гласа, а Силјановска и Димитриевски добиле по 1 глас.

Проблемот со далечните дестинации на избирачките места е што поевтино и поефикасно е одборот да не се враќа туку таму да биде платено сместување, храна и дневници на сите 10 членови кои пребројуваат гласови помалку од нив.

Едноцифрен број на гласови има и во далечниот Детроит, Мичиген (ДИК го впишал како Детроид) во САД. Гласале 9 од пријавени 34 гласачи. Силјановска добила 8 гласови, а еден завршил на контото на Ванковска.

Малку гласачи ја посетиле и амбасадата во Рим каде има гласачко место. Од 30 пријавени гласачи за македонските избори во вечниот град, биле пополнети само 9 гласачки ливчиња, а 10-члениот избирачки одбор пребројал 5 гласа за Силјановска и 4 за Пендаровски.

Во дијаспората гласале помалку од 40% од пријавените избирачи (1.017), а најмногу гласови, 369 се за Ванковска.

Силјановска – Пендаровски 3,8:1 во Град Скопје

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе