Вести Економија Македонија Топ вести

Земјава е пред политичка промена, бизнисот очекува исполнување на ветувањата дадени пред изборите

Се  наоѓаме пред политичка промена, ова е впечатокот на дел од бизнисмените, по вчерашниот изборен ден. Велат дека е добро што се поминало мирно, но се надеваат на поголема излезност на 8 мај. На новата Влада која ќе ја води државата и порачаа она што е договорено со стопанството пред изборите, да се спроведе за бизнисот да може да планира и да работи.

„Она што не би сакале да се повтори е да овде се договориме како тоа треба да се случува каде треба да биде фокусот што треба да се направи промптно, а после тоа во имплементацијата да не видиме ништо од тоа. Овој пат се надева, дека добитната комбинација која ќе излезе од парламентарните избори особено таа ни е посебно битна ќе треба да биде таква она што ќе го договориме па  макар и не било сто проценти во интерес на економијата, се спроведе доследно“, вели Антони Пешев, извршен директор на Стопанска комора.

Пред изборите во Стопанската комора со подготвени програми дојдоа поголемите партии ДУИ, СДСМ и од ВМРО- ДПМНЕ. За краток период бизнисот имаше можност да слушне  што се имаат во план да направат, ако се дел од новата  влада.

„Сите политички партии дојдоа во Стопанската комора добро подготвени со економски програми некој подобри и некој по неподготвени, но факт е дека за нас е новитет најдоа за потребно да ги искомуницираат економските програми пред некој од нив да дојде на власт и тоа е пријатно сознание за нас дека сакаат да слушнат она што ние имаме да кажеме“, додава Пешев.

Од бизнисот претходно неколку пати кажаа дека, до сега ниту една влада немала доволно слух за нивните проблеми. Но, дека овој пат нема да дозволат да бидат излажани.

Генерално во програмите на политичките партии, фокусот е на економијата. Дел од економистите пак во нивните говори препознаваат политичко наддавање, но и застарен модел на собирање гласови.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе