Спорт Фудбал

ПСЖ е подготвен да плати 200 милиони евра за тинејџер на Барселона

ПСЖ веќе ги планира засилувањата за следната сезона, а ќе има тешка задача да го замени Килијан Мбапе, кој најави дека заминува како слободен агент. Според францускиот весник „Ле Паризиен“, приоритет на парижаните ќе биде младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал.

Крилниот напаѓач иако има само 16 години, сезонава се промовираше како еден од најдобрите играчи на Каталонците. ПСЖ смета дека Јамал за неколку сезони може да го достине нивото на Мбапе и да биде еден од најголемите светски играчи.

Францускиот гигант, наводно е подготвен да плати обештетување од 200 милиони евра за да го доведе тинејџерот на „Паркот на принцовите“ претстојното лето. Барселона мора да размислување на продавање на дел од своите играчи, поради финансиските проблеми. За потсетување, во  2017 година Нејмар се пресели од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра, што и натаму е најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина легендарниот кошаркарски коментатор Един Авдиќ

Sportska Redakcija

Ролан Гарос остана без првата носителка: Шнајдер ја шокираше Сабаленка (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Драконска казна за Шкендија: Суспензија од Купот и глоба од 105.000 евра

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе