Вести Македонија Топ вести

(видео)Бујар Османи на Фејсбук објави дека собрал над 10 илјади потписи за неговата претседателска кандидатура

Кандидатот за претседател од ДУИ Бујар Османи преку видео порака од својот дом вечерва објави дека собрал над 10 илјади потписи за неговата кандидатура.

„Кандидатот на Коалицијата „ВРЕДИ“ Арбен Таравари, во рок од еден ден доби доброволна поддршка од повеќе од 8.000 граѓани. Иако ДУИ ги користеше сите механизми за притисок врз вработените во јавната администрација, беа потребни повеќе од три дена за да соберат исто толку потписи. Утре продолжува собирањето потписи за успешно завршување на овој прв чекор“, соопштија вечерва од ВРЕДИ.

На четвртиот ден од собирањето на потписи, се` уште никој друг освен Османи ја нема потребната бројка.

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) до 25 февруари, вкупно 24.830 граѓани дале потпис за подносителите на кандидатури за претседател  на државата.

Државната изборна комисија еднаш дневно прави пресек на бројот на попишани граѓани, но не ги пресметува оние кои потпис оставиле кај нотар.

Мицкоски за Ахмети: Фрустрација на поединци

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе