Кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова присуствуваше на трибина во Кавадарци посветена на економијата. Ветува дека еден од нејзините приоритети како претседателка ќе биде заедно со Владата да поднесат барање за итен влез во единствениот европски пазар.
На тој начин, македонската економија, компаниите и институциите ќе ги уживаат сите придобивки на европскиот економски простор, рекла Силјановска.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.