Вести Македонија Топ вести

Малеска Сачмароска: Институции кои што ќе истражуваат и ќе изрекуваат казни мора да бидат ослободени од политичките влијанија

Сузбивање на корупцијата, независно судство, реформа на администрацијата и доброто владеење е дел од понудата на партиите за освојување на власта.

Колку се слични, а колку различни нивните понуди како да се стигне до “ветената земја”.
Може ли напишаното да стане реалност или ќе заврши само како добри политички намери на хартија.

Вечерва во Топ Тема дебата со Миша Поповиќ од Институт за демократија, Неда Малеска Сачмароска од ЦУП и Милан Стефаноски, политички аналитичар.

  • Внатре во политичките програми правосудството е во фокусот, поради ниската доверба и слабиот перформанс на оној циклус борба против корупција, каде што од детекција би се стигнало до казнување, генерално борбата против неказнивоста. Нема големи изненадувања во понудата на политичките партии, се дебатира за она што е нотирано изминатите години, како предлози, идеи за борба против корупција, иако излегоа некои неколку предлози. Она што недостасува во програмите е една рефлексија за тоа кој се ресурси се потребни за да се стигне до целта за тие да се остварат. Малку се зборува за проблемот со човечкиот капитал во институциите и тоа што фокусот го доби правосудството некако се заборави на останатите сектори, каде видовме проблеми со корупција во изминатиот период, истакна во вечерашната Топ Тема, Миша Поповиќ од Институт за демократија.

Неда Малеска Сачмароска од Центар за управување со промени, повикувајќи се на анализата на ЦУП во 11 области истакна дека целта била не само граѓанскиот сектор да се информира туку и да им ги приближиме на граѓаните, а институциите да бидат поотчетни и поодговорни.

  • Главниот фокус во кампањата на политичките партии е на правосудството и на јавното обвинителство, меѓутоа за да можеме да имаме институции кои што ќе спроведуваат истраги и ќе изрекуваат казни, тие мора да бидат ослободени од политичките влијанија. Според мене недостасува оној дел на извршната власт како ќе ги ослободат институциите од овие влијанија, односно како ќе ги професионализираат највисоките раководни структури, истакна во Топ Тема, Неда Малеска Сачмароска од Центар за управување со промени.

Таа потсети дека пред само неколку месеци во Собрание помина патоказот којшто го подготви Секретаријатот на европски праша заедно со другите институции, помина на комисија за европски прашања, „во него е една од клучните работи е деполитизација на овие највисоки функции, кои сега исчезнаа од фокусот на политичките партии“, потенцираше Малеска Сачмароска.

  • Политичките партии се најмалку релевантни да разговараат за корупција, бидејќи се најмногу виновни за високата корупција, политичката корупција нотирана од сите меѓународни релевантни институции. Загрижува неказнивоста и тоа е мотив, знаејќи ја шемата секоја политичка парти кога ќе дојде на власт да почне да функционира во таа системска корупција. Во Македонија корупцијата е еден феномен, најверојатно ќе биде потребен некој „лекс специјалис“, бидејќи индексот на мерење на корупцијата во Македонија не е релевантен, бидејќи е многу подлабока, рече Милан Стефаноски, политички аналитичар.

Целата Топ Тема на линкот подолу

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР дел од кампањата Амбер Алерт Европа за подигање на свеста за брза реакција при исчезнување на дете

Дејан Дејан

Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија Скопје – Крф

Дејан Дејан

(живо)Се очекува на разрешениот врховен судија Наке Георгиев да му биде определена мерка притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе