Вести Избори 2024 Македонија Најважни

„Вреди“ децидни дека ќе бидат во идната Влада, Османи им порача да ги почекаат резултатите од изборите

Повикот за коалицирање испратен од ВМРО – ДПМНЕ влијаеше врз цврстите ставови на лидерите во Коалицијата „Вреди“ околу отворање на Уставот и внесување на Бугарите. Ако првично во нивните обраќања можеше да се чуе дека е приоритет откако ќе влезат во идната Влада сега описот за временскиот рок е „што е можно побрзо“.

Лидерот на „Алтернатива“ Африм Гаши, денес соопшти дека Уставните измени остануваат приоритет но бидејќи станува збор за комплексен процес нема да лицитира со датуми или месеци и временски рок. Дали Коалицијата „Вреди“ ќе бара во ист пакет да бидат и измените на формулацијата за 20 проценти за албанскиот јазик.

Гаши нагласи дека Коалицијата „Вреди“ ќе биде дел од идната Влада и ќе бара нивни кадри да раководат со институции во секторот за внатрешни работи за да има поефикасна борба против корупцијата и криминалот.

Претседателскиот кандидат на ДУИ, Бујар Османи, смета дека е понижувачки партиите да договараат коалиции пред одржувањето на парламентарните избори. Волјата на народот мора да се почитува, а разговорите за коалиции пред да се слушне волјата на граѓаните, според него, е омаловажувачки.

Победник во албанскиот кампус ќе биде Коалицијата „Вреди“ дециден е еден од лидерите Изет Меџити бидејќи коалицијата на ДУИ ги собира гласовите и на Турците, Бошњаците и Ромите. Тој смета дека ДУИ веќе го прекршила правилото победник со победник за владина коалиција во 2016 година.

Меџити не прецизираше кои ќе бидат условите кои ќе се испорачаат до Мицкоски за коалицирање по изборите, додаде дека сега треба да се фокусираат на кампања и добар резултат и нагласи дека не би коалицирале само со партијата „Левица“ поради нивниот антиевропски став и курс.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зголемено нивото на браната Калиманци- Оризопроизводителите се жалат дека дел од каналите за наводнување се неисчистени

Дејан Дејан

Мицотакис: Отстапувањето од Преспанскиот договорот ќе има последици на европскиот пат на Северна Македонија

Дејан Дејан

Во Србија уапес човек од Сомбор поради закани кон Вучиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе