Вести Економија Македонија Топ вести

Осигурителните компании не ги вратија старите пониски цени на полисите, на потег е Владата

Осигурителните компании си го истераа своето. Не ги вратија старите пониски цени на полисите за возилата, како што  им предложија од министерството за финансии.

Првичните информации беа дека ако фирмите до крајот на вчерашниот ден не го сторат тоа , во финансии ќе има нов состанок за доставување на предлог до владата за формирање на нов тарифник со кои дирекно би се влијаело на намалување на цените. Но, дали имало средба, официјална информација од финансии нема. Нема ниту најава за владина седница која вообичаено се одржува секој вторник.

Граѓаните пак реагираат на поскапувањето, тоа дирекно ќе ги зголеми  трошоците за регистрација.

Вчера пак по двочасовниот состанок во финансии на кои присуствуваа претставници од министерството, од Агенцијата за супервизија на осигурениците, но и првиот човек на Националното биро, на фирмите од осигурителниот бизнис им беше предложено да ја замрзнат одлуката за поскапување и да ги вратат старите цени на полисите, од пред 25 април.

Од Агенцијата за супервизија на осигурениците  се побара да направи анализа дали има простор за вакво покачување, иако од  Агенцијата претходно се изјаснија дека поскапувањето е неосновано.

Минатата недела осигурителните компании донесоа одлука да ја зголемат цената на задолжителната осигурителна полиса за 15, 4 проценти, со образложение дека повеќе од 10 години не е променета, а трошоците во овој бизнис пораснале.

Според, податоците пак минатата година на продавачите на полиси осигурителните компании за провизии исплатиле 11, 5 милиони евра. Оваа полиса за возила е задолжителна, со регулирана цена која ја утврдува државата, па од тука се поставува прашањето зошто овие фирми имаат потреба од вакви посредници кои ги чинат милиони.

Ако останат новите цени за возило од 44 до 55 киловати, полисата наместо 5,453 денари ќе чини 6.292 денари. Поскапувањето е пропорционално во зависност од зафатнината на моторот кој е вграден во возилото.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Унгарија стави вето на резолуцијата на советот на европа за Украина

Дејан Дејан

Кандидат за градоначалник во Мексико убиен во пукање на предизборен митинг

Дејан Дејан

ЕУ ги додаде на „црната листа“ Гласот на Европа, РИА Новости, Известија и Росискаја газета

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе