Вести Македонија

Мицкоски за Ахмети: Фрустрација на поединци

„Фрустрација на поединци“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја коментира идејата на ДУИ, претседател на државата да се бира во Собранието. Изјавата на Ахмети, за него е обид да се сврти вниманието и да се насочи кампањата кон оваа нивна посакувана цел, затоа и треба да се игнорира.

За сличниот став на Таравари, вели дека е помек и не е услов за формирање на влада. Ја одбива и иницијативата на ДУИ, да се воведе функција потпретседател на државата, затоа што смета дека треба да се укинат сите заменички места за да се заштедат средства.

Од 3 март, по партиската конвенција,  ќе почнат со собирање на 10 илјади граѓански потписи за Гордана Сиљановска Давкова, иако таа има и поддршка до 30 пратеници. Тврди дека има случаи во кои се даваат пари за потпис, дел од нив се документирани и ќе бидат предадени на надлежната институција.

На четвртиот ден од собирањето на потписи, се` уште никој ја нема потребната бројка. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) до 25 февруари, вкупно 24.830 граѓани дале потпис за подносителите на кандидатури за претседател  на државата.

Далиборка Демјанска Цветановска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе