Кошарка Спорт

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

МЗТ Скопје загуби на домашен паркет од Спартак Суботица на првиот натпревар од полуфиналето во АБА2 кошаркарската лига. Сонот за пласман во елитното регионално натпреварување за македонскиот првак полека згаснува, бидејќи српскиот тим е со една нога во финалето од плеј-офот.

МЗТ одигра натпревар со многу падови во играта, а лошо отвори и исто така лошо го заврши дуелот во „Јане Сандански“. По првиот период гостите водеа со 15-23, а во продолжението момците на тренерот Васко Атанасов го подобрија шутот и на паузата имаа негатива од 31-35. Во третата четвртина, МЗТ ги имаше своите најсветли моменти па дојде до пресврт и водство од пет поени разлика. Сепак, гостите од Суботица покажаа зошто беа најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната. Во последните десет минути имаа подолга клупа, односно подобра ротација и ја вратија предноста на +10. До крајот МЗТ успеа само да ја намали негативата за конечни 73-78. Нашиот тим потфрли во скок-играта, бидејќи гостите имаа дури 22 скока повеќе.

Војдан Стојановски со 20 поени најмногу се истакна во таборот на МЗТ, додека кај гостите најефикасен беше Немања Гордиќ со 16 поени.

Македонскиот шампион ако сака пласман во големото финале, ќе мора на реваншот за седум дена во Суботица да слави најмалку со пет поени разлика.

ФОТО: АБА-лига/Петр Стојановски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе