Вести Наука и здравје Свет

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Фармацевтската компанија АстраЗенека призна дека нејзината вакцина против ковид-19 во ретки случаи може да предизвика несакани ефекти како  згрутчување на крвта и низок број на црвени крвни зрнца пренесува британски телеграф повикувајки се на судцки документи.

Во извештајот се наведува дека вакцината може да предизвика згрутчување на крвта ,низок број на тромбоцити што во некои случаеви може сериозно да наштети на здравјето или да предизвика смрт кај лицата вакцинирани со Астра Зенека.

До сега против Астра Зенека е поднесена 51 тужба каде што жртвите или роднини на жртвите бараат оштета од 126 милион евра.

Џејми Скот ,еден од тужителите тврди дека  од  вакцината се здобил со трајно оштетување на мозокот како последица на крвното згротчување откако ја примил вакцината во 2021 година.

„КовиШилд“ е развиена од британско-шведската компанија Астра Зенека во соработка со Универзитетот во Оксфорд и Велика Британија, а ја произведуваше индиската компанија Серум институт од Индија, еден од најголемите производители на лекови во светот.

Вакцината се користеше во повеќе од 150 земји, вклучувајќи ги Велика Британија и Индија.

Некои истражувања спроведени за време на пандемијата покажаа дека вакцината е 60 до 80 проценти ефикасна во заштитата од Ковид-19.

Сепак, истражувањето покажа дека вакцината „КовиШилд“може да предизвика згрутчување на крвта кај некои луѓе, што може да биде опасно по живот.

И Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека „КовиШилд“ може да предизвика несакани ефекти опасни по живот.

Aстра Зенека во судските документи, кои беа поднесени до Вишиот суд на Велика Британија во февруари, вели дека „вакцината АZ може, во многу ретки случаи, да предизвика непосакувани ефекти.

Во исто време, Aстра Зенека инсистира дека достапните податоци покажуваат дека лекот има „прифатлив безбедносен профил“ и дека „регулаторите ширум светот постојано наведуваат дека придобивките од вакцинацијата ги надминуваат ризиците од исклучително ретки потенцијални несакани ефекти“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе