Вести Свет

Штајнмаер: Западен Балкан не смее да остане „сива зона за руско деструктивно влијание“

Претседателот на Германија Франк-Валтер Штајнмаер, претседателот на Чешката Република Петр Павел и чешкиот премиер Петр Фијала на денешната конференција во Прага по повод 20-годишнината од проширувањето на Европска унија повикаа Западен Балкан да не се остава долго да чека пред портите на Унијата бидејќи не смее „да остане сива зона за руското деструктивно влијание“.

– После 20 години, 10 земји повторно се во процес на влез во ЕУ. Путин ќе го примени своето деструктивно влијание каде што може. Балканот не смее да остане сива зона за тоа. Земјите од Западен Балкан, Украина припаѓаат на нашиот простор, рече Штајнмаер.

Германскиот претседател рече дека нападот на Русија не е само врз Украина, туку и врз сите историски лекции што Германија и Чешка и цела Европа ги научиле од двете светски војни.

– Со рускиот напад врз Украина, војната се врати во Европа. Подмолниот напад врз нашиот сосед е истовремено и напад на идејата за мирољубив соседски живот во Европа, кршење на меѓународното право со последици далеку надвор од границите на Украина, кои не засегаат сите нас, рече Штајнмаер.

Германскиот претседател во текот на својот говор неколку пати потенцираше дека ЕУ е историски најголемиот мировен проект кој треба да се брани бидејќи не се подразбира сам по себе и не е неуништлив, пренесе Бета.

– Би го цитирал (поранешниот) чешки претседател Вацлав Хавел во врска со интервенцијата во Косово дека „има моменти кога треба да се каже доста“. Тоа не е само чин на солидарност, туку и на самоодржување. Руската агресија е напад на сите лекции што ги научивме во Германија и Европа од двете светски војни. На тој напад можеме да одговориме на единствен начин – со поддршка на Украина како составен дел на Европа и идна членка на ЕУ“, рече Штајнмаер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе