Вести Избори 2024 Македонија

Мицкоски од Брвеница: Идната влада ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, а ДУИ ќе одат во опозиција и ќе има одговорност

Во рамки на парламентарната кампања „Македонија повторно твоја! Промените во твои раце“ ВМРО-ДПМНЕ одржа митинг во Јанчиште, Општина Јегуновце и во тетовска Брвеница.  Претседателот Христијан Мицкоски, носителката на кандидатската листа за шестата изборна единица Дафина Стојаноска како и кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова се обратиjа пред присутните граѓани.

Мицкоски, од Јанчиште, изјави дека очекувале до 150 илјади гласови во првиот круг од претседателските избори, но има разлика од 180 илјади гласови, што според него значи дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот прави историски резултати.

-Сега следната наша цел повторно историска е за првпат некоја коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција, да освои мнозинство во македонскиот Парламент. Потребно е мнозинство во македонскиот Парламент и идниот претседател да биде Гордана Силјановска Давкова.Јас сум убеден гледајќи го тоа што се случува овие пет дена од кога заврши првиот круг на претседателски избори дека и тоа ќе се случи. Ни остана помалку од една недела до денот на изборите и убеден сум од оваа енергија и емоција која што ја чувствувам од народот македонски дека и тоа ќе се случи, истакна Мицкоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зголемено нивото на браната Калиманци- Оризопроизводителите се жалат дека дел од каналите за наводнување се неисчистени

Дејан Дејан

Мицотакис: Отстапувањето од Преспанскиот договорот ќе има последици на европскиот пат на Северна Македонија

Дејан Дејан

Во Србија уапес човек од Сомбор поради закани кон Вучиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе