Вести Свет

Стано: ЕУ очекува Приштина без одлагање да ја формира Заедницата на српски општини

Европската унија очекува властите во Приштина без одлагање да ја формираат Заедницата на српски општини, изјави денеска портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

-Го повикуваме Косово без натамошно одлагање да продолжи со формирањето на Заедницата на српски општини во согласност со Нацрт-статутот на ЕУ, кажа Стано за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Тој апелираше до Белград и Приштина да се воздржат од еднострани дејствија кои не придонесуваат за создавање поволна средина за разговори за нормализација на односите и да се заложат за решавање на сите отворени прашања во дијалогот.

Стано посочи дека ЕУ поддржува единствен институционален и административен аранжман во  Косово.

-Сите досегашни договори за дијалог се целосно усогласени со овој принцип и ја следат правната и институционалната рамка на Косово, што беше потврдено со заклучоците на Европскиот совет, изјави Стано за РСЕ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе