Кошарка Спорт

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Жељко Обрадовиќ останува на клупата на кошаркарскиот клуб Партизан уште две години. Искусниот стратег денеска го потпиша новиот договор со „црно-белите“.

По три успешни сезони, Партизан и Обрадовиќ лесно се договорија за продолжување на соработката. Трофејниот стратег истакна дека на се поставувало прашањето дали тој сака да остане во клубот, каде играше како играч и каде што ја почна тренерската кариера во 1991 година.

Целта на Обрадовиќ ќе биде Партизан да биде постојан член на Евролигата, каде сезонава не успеа да стигне до плеј-офот, а лани беше елиминиран во четвртфиналето Реал Мадрид. Белградските „црно-бели“ беа убедливо најгледаниот тим во европската елита сезонава со распродадени 99 отсто од билетите на сите натпревари на домашен паркет во „Белградска арена“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Рекорден број учесници на јубилејниот Скопски маратон

Desk

Кенијците Чемвоно и Џеруто победници на Скопски маратон, Поп Арсова втора кај девојките, Ивановски трет кај мажите

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Шампионот Струга ТЛ ја продолжи агонијата на Вардар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе