Вести Избори 2024 Македонија Најважни

Срце го боли за Сдсмовците бидејќи смета дека се во заложништво, Максим Димитриевски од ЗНАМ со 24-часовен рок за оставки на раководството на СДСМ

Кумановскиот градоначалник и лидер на ЗНАМ Максим Димитриевски денеска ги соопшти своите барања до најголемите партии од власта и опозицијата за евентуална соработка во постизборна коалиција за состав на влада по изборите.

Барањето до неговата поранешна партија СДСМ се состои од повеќе услови меѓу кои и оставка на раководството во рок од 24 часа, а на членовите на СДСМ им порача.

-Срцето ме боли кога Ве гледам вака исплашени од раководството на мојата поранешна политичка партија како ве држи во заложништво и како сте гневни на сите нив и молчите. Гневен сум и јас. Сметам дека е етички исправно да направам обид заедно да ги спасиме и вратиме крушевските и асномските леви вредности и принципи, истакна Димитриевски на прес конференција, по што ги наведе кумулативните услови до СДСМ.

Тој побара од раководството на СДСМ во наредните 24 часа да си поднесе оставки од сите можни функции во партијата, потоа сите носители и коносители на кандидатските листи на СДСМ да дадат нотарски изјави дека се откажуваат од пратеничките мандати и да се обврзаат дека ниту јавно ниту јавно ќе се договараат со сегашното раководство на ДУИ. Тој тврди дека ЗНАМ има работни групи кои се подготвени да преговараат со некое техничко или привремено раководство на СДСМ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

Димитриевски упати барање до ВМРО-ДПМНЕ во кое тврди дека програмските определби за неприфаќање на бугарски диктат и несоработување со ДУИ, први биле промовирани од ЗНАМ и дека се согласува со нив.

-Барам да потврдите дека не е точно дека дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ заговара јавна или тајна соработка со поранешниот премиер Зоран Заев преку неговите фикс кандидати за пратеници како што е Венко Филипче и други за обезбедување евентуално двотретинско мнозинство во новиот собраниски услов со што се имплицира дека селективна правда ќе има во наредната влада, рече Димитриевски.

Во зависност од одговорите, Димитриевски и ЗНАМ ќе одлучат со кого да преговараат за состав на влада.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе