Вести Македонија Топ вести

Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски

Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски.

На Фејсбук статус Лога напиша:

„Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда.“

Палевски е осомничен за двете убиства на Вања Ѓорчевска и Панчо Жежовски. Во Бегство е од крајот на ноември. Двете убиства ја згрозија јавноста. Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска беше извршено по нејзино грабнување додека одела во школо. Таа беше ликвидирана во близина на Скопје.

За убиствата се осомничени уште 4 лица меѓу кои и таткото на убиената Вања, кој минатата недела беше пуштен во домашен притвор.

НАЈНОВА ВЕСТ: Дозволена екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Комеморативен и хуманитарен настан во Кочани – парите ќе се наменат за изградба на „Патека на бесконечноста за 63 ангели“

Дејан Дејан

Невладините алармираат дека Исмаил Синани, кандидат за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација нема искуство и има спорни ставови за ЛГБТ и феминизмот

Дејан Дејан

„Очекувам ЕВН да продолжи со инвестициите што ќе значат подигнување на квалитетот на услугата“, вели Ацо Ристов, претседател на РКЕ

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе