Вести Избори 2024 Македонија

Силјановска: Првиот натпревар го добивме, а вториот ќе биде уште поуспешен

Посакувам на 8 мај кога ќе заокружувате, да се чувствувате пријатно и гордо знаејќи дека оние на кои ќе им ја дадете довербата, нема да ве изневерат!, истакна Гордана Силјановска Давкова од Јeгуновце.

-Извонреден избор сте направиле за локацијава, игралиште. Првиот натпревар го добивме и тоа со инспиративен резултат за нас, а за нив погубен. Јас сум убедена дека вториот натпревар на 8 мај ќе биде уште поуспешен. Вие сте судиите, непогрешливи и мојата благодарност е до вас. Ви изразувам длабока почит, ви верувам, знам дека ќе го направите вистинскиот избор, избор што ќе значи нови чекори на ова прекрасно семејство, чекори што не ќе може никој да ги запре, чекори заедно со владата, ама мислејќи на децата и на оние надвор, кои ќе докажуваат дека Македонија мора да биде твоја, ваша. Кога велам јас народ мислам на шаренилото од мојот народ, ама се разбира дека не може да си ги заборавам фамилијата, семејството, а тоа сте вие!

Она што е најважно е дека ние ќе играме по уставните и законските правила, ние ќе играме праведно, правично и етички. Ние нема да мамиме, нема од политиката да правиме пазар, туку од политиката ќе правиме уметност на можното, на убавината, изјави Силјановска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителство: Во завршна фаза е истрагата за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Дејан Дејан

Спречен шверц на злато пд Турција

Дејан Дејан

Зголемено нивото на браната Калиманци- Оризопроизводителите се жалат дека дел од каналите за наводнување се неисчистени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе