Вести Свет Топ вести

Најмалку 1.038 повредени, 42-ца исчезнати, девет загинати – биланс по силниот земјотрес на Тајван

Бројот на повредени во земјотресот со јачина од 7,2 степени во Тајван денеска се искачи на 1.038, бројот на загинати сè уште е девет, додека 42 работници во хотел се водат како исчезнати.

Работниците во моментот на земјотресот биле на пат од Хуалиен кон Националниот парк Тароко, пренесуваат британските медиуми. Шест лица се спасени со хеликоптер од рударската област.

Возниот сообраќај на линијата кон Хуалиен е повторно отворен.

Тоа беше најсилниот земјотрес во Тајван во последните 25 години, со епицентар најблиску до источната област Хуалиен, додека зградите во главниот град Тајпеј се стресоа, но претрпеа минимална штета.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе