Вести Македонија Топ вести

Покрај Скопје, Тетово и Штип и Битола ќе добие Медицински факултет, битолчани велат – Џабе го школуваме тој кадар кога не ги задржуваме тука

Македонија ќе добие четврти  Медицински факултет. Покрај оние во Скопје, Тетово и Штип, со законот кој е усвоен во Собранието, ваква високообразовна установа од следната академска година ќе отпочне со работа на битолскиот Универзитет. Предвидено е да има отсеци за општа медицина, стоматологија и фармација, а останува и  Високата  медицинска школа. Во образложението на пратениците од СДСМ кои го предложија законот како причина се наведува недостигот на здравствен кадар во државата.

  • Наставните бази на Факултетот ќе бидат Клиничката болница Битола, Специјалната болница за кардиолошки заболувања „Свети Стефан“ Охрид, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид, Специјалната болница за нефрологија Струга и болницата со проширена дејност во Прилеп, рече Жаклина Лазаревска, пратеничка од СДСМ.

Покрај над 30 вработени во Високата медицинска школа во Битола,  ќе биде ангажиран и друг наставен кадар,  а за потребите на новиот Медицински факултет  ќе биде адаптирана една од зградите во старата битолска Касарна.

Битолчани пак велат, дека политичарите треба да создадат  подобри услови за живот, за младите да останат дома, наместо да отвораат факултети кои и онака ги има премногу. Други пак се скептични кој ќе ги едуцира студентите, кога во болницата се затвораат цели одделенија  поради недостиг на специјалистички кадар.

  • Џабе го школуваме тој кадар кога не ги задржуваме тука. Ги школуваме заминуваат. Со ваква црно бела слика не бидува ништо, вели еден битолчанец.
  • Да се побара помош од старите лекари кои што се во пензија, тогаш мислам може тоа да се оствари, вели друг битолчанец.

Од  УКЛО пак велат дека ова е историска одлука за развој на универзитетот и Општината и уверуваат дека се целосно подготвени за создавање на квалитетно академски студии.  Сепак не сите се согласни дека е потребен уште еден Медицински факултет во Битола.

Универзитетскиот професор Дејан Трајковски во неговата статистичка анализа направена неодамна укажа на хиперпродукција на здравствен кадар во државата, повлекува паралела со развиените земји.  Во Германија, годишно дипломираат 12 здравствени работници на 100 илјади жители, во Франција 10, Во САД 8, а во Македонија 49.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе