Вести Македонија Топ вести

„Одејќи по тенки линии“ – Мултимедијален настан во резиденцијата на ЕУ

Мултимедијалниот проект со наслов „Одејќи по тенки линии“  ги истражува темите поврзани со менталното здравје низ инсталација на Дијана Томиќ-Радевска; перформанс во режија на Јован Ристовски и изложба на уметнички дела под кураторство на Јасмина Котевска преземени од Психијатриската болница во Демир Хисар, како и ликовни дела на 8 македонски уметници. Ваквите активности се осмислени да поттикнат национална дискусија за менталното здравје и оние кои што чекорат „по тенките линии на умот“ да не бидат маргинализирани и дискриминирани.

„Еден од четири луѓе на глобално ниво, страдаат од некаков вид проблеми поврзани со душевното, односно менталното здравје. Девет од десет луѓе што имаат проблеми со менталното здравје страдаат од дискриминација и се стигматизирани, страдаат од предрасуди, затоа што ова и понатаму претставува табу. Живееме во свет кој што се соочува со огромни притисоци, притисокот на климатските промени, притисокот на нееднаквостите, притисокот на војните кои ги има ширум светот сето тоа може да има многу силно влијание. И токму со вакви мултимемедијални настани можеме да поттикнеме разговор кој што ќе води до надминување на овие проблеми“, изјави Дејвид Гир, шеф на делегацијата на ЕУ во Македонија.

„Годинашниот проект е петти по ред во резиденцијата на ЕУ кој се одвива за време на мандатот на амбасадорот Гир, со него уште еднаш се поддржува македонската уметност, разгледувајќи теми кои се тековни за нашето општество, но и пошироко на континентот. Годинашните активности се инспирирани од менталното здравје како еден горлив проблем не само во нашата земја туку и насекаде на континентот“, рече Бојан Георгиевски, соработник на проектот.

 Сите овие активности се организирани со цел да се поттикне дебата за менталното здравје на национално ниво, воедно да се зацврсти борбата против предрасудите за менталните болести. Мултимедијалниот настан ќе биде отворен за јавноста во периодот од 9 април до 31 мај. Резервација за посета може да се добие преку Фејсбук страницата на Јуроп Хаус, веќе од следната недела: https://www.facebook.com/EuropeHouseSkopje.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе