Вести Македонија

И мавровските мечки ја спасуваат фотељата во ЦУК, смета Стојанче Ангелов кој “прелета” во старо-новото политичко јато и најави дека со музика и фрлање камен ќе замине од функцијата

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов смета дека треба да остане на директорската функција бидејќи државата се наоѓа во специфична ситуација, без разлика што ја напушти владеачката коалиција на СДСМ. Убедува дека станува збор за државен интерес, а дополни и дека претстојат и предизвици за институцијата која ја води, од мавровските мечки кои се будат до можни пролетни поплави и летни пожари.

Функцијата ја задржува поради сугестијата на СДСМ иако премиерот Џафери посака смена на Ангелов откако по 7 години практикување на власт со функција и вработување во М-НАВ реши со неговото “Достоинство” да ја смеби страната, повторно

-Талат Џафери е технички премиер. Во овој момент најголема партија е СДСМ. Ние до пред неколку дена бевме во коалиција со СДСМ. Мое убедување и убедување на СДСМ е дека треба да останам. Го разбирам и Талат Џафери и тој се наоѓа во непријатна ситуација затоа што претходно се разрешија министри од крилото на Таравари. Мој став е да останам до крај и да ја послушам сугестијата од врвот на СДСМ. Јас се трудам да бидам искрен, јас не фрлам со дрва и камења по моите коалициски партнери. Мечките се будат од зимски сон, доаѓа сезона на пожари, поплави. Јас сум член на НАТО комитетот. Ако не одам во Вашингтон ќе имаме непроценливи штети, изјави Ангелов во гостување на ТВ Клан.

Ангелов во интервјуто тврди дека тој е одговорна личност и дека му било кажано од Ковачевски да остане на позицијата директор без разлика на неговите желби

-Имам дозвола од Миле Зечевиќ кој ми кажа седи таму, државата е во прашање. Мислите дека сакам да останам во ЦУК да работам? Во канцеларијата имам само две цвеќиња, а кога ќе си одам ќе викнам жива музика и ќе фрлам камен, рече Стојанче Ангелов во телевизиското гостување.

ФОТО: Опасниот мост на патот кон Косово, кај Визбегово Стојанче Ангелов во поза како на Неретва

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европска недела на имунизација- Слушајте ги научниците, не дезинформациите

Дејан Дејан

Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе