Вести Македонија

ФОТО: Опасниот мост на патот кон Косово, кај Визбегово Стојанче Ангелов во поза како на Неретва

Мостот под кој поминува патот Скопје- Блаце и води кон Косово е полураспаднат, а парчиња бетон се на рабовите на мостот.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов алармира дека мостот кај Визбегово е опасен за луѓето кои минуваат и возат и по него и под него.

До медиумите од ЦУК испратија повеќе фотографии од состојбата на мостот, а на некои се гледа како Ангелов втренчено ги набљудува розичните места.

Постарите граѓани фотографиите и проблемите со мостот можеби ги асоцираат на приказната од Втората светска војна за битката на Неретва.

Тогаш партизаните за да ги измамат германските фашистички сили првин го урнале мостот, па потоа изградиле привремен понтонски мост на Неретва за да ги спасат ранетите соборци, но денес 80 години подоцна мостот кај Визбегово се урива сам од негрижа и може да повреди некој.

Од ЦУК велат дека досега повеќе пати алармирале до надлежните за да го санираат мостот, а со денешните фотографии повторно бараат брза реакција бидејќи мостот е над прометна сообраќајница.

Во неколку наврати побаравме интервенција од потенцијално надлежните институции но опасноста се уште не е отстранета. Денеска повторно јавно ги повикавме надлежните институции но и медиумите и граѓаните.
Институциите да реагираат, медиумите дополнително да истражат и информираат, а граѓаните да пријават било каква опасност на бројот 112. Благодарност до медиумите за редовното и објективно информирање.
Благодарност до граѓаните за пријавите.
Бидејки, за нас од ЦУК, безбедноста на граѓаните секогаш е на прво место.
„Сејфти фрст!”, соопштија од ЦУК со нов слоган, кирилична транскрипција на американски слоган.

Инаку патот кон Блаце требаше да се реновира и прошири, но градежните операции за тие 8 километри се спори и модерниот пат се уште е далеку од црвена лента за свечено пуштање во употреба.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Многу брзо ќе стане јасно дали Северна Македонија сака да оди кон Европа, нема да правиме повеќе отстапки, пораки од бугарскиот државен врв

Дејан Дејан

Гир до Сиљановска-Давкова: Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата, Вархеј очекува забрзување на реформите

Дејан Дејан

Еурактив: Се чини дека Северна Македонија ќе биде во судир со Грција и со Бугарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе