Вести Македонија Топ вести

Советот на јавни обвинители ќе ги оспори измените на законите за плати на обвинителите и на членовите на советот

Советот ќе поднесе иницијатива пред Уставниот суд за да ги  оспори законите за нивните плати и за платите на обвинителите откако собранието ги намали коефициентите. Сметаат дека се во спротвиност со владеење на правото и правната сигурност.

Иако измената на 5 закони со кои беа опфатени и обвинителите и судиите беше со цел да се  ограничи можноста за значително или ново покачување на функционерските плати,  сепак од советот ги толкуваат како намалување на платите.

Најгласен беше членот Иџет Мемети според кој Собранието демонстрирало неконзистентност во правниот систем и на демонстративен начин ги донело законсмите измени за кои оцени и дека се политички мотивирани.

Претходно и од Судскиот совет најавија иницијатива пред Уставен за законите за нивните плати и за платите на судиите.

Задутре ќе гласаат републичките обвинители за член на советот. Од таму сметаат дека ова  воопшто не е вработување какво што забранува изборниот законик во предизборието

Димитриеска потврди и дека без застој течат постапките за избор на обвинители и дисиплинските постпаки  Но во судксиот совет дојде до блокада поради ова прашање.

Обидот да ја ревидираат  претходната одлука за мирување на постпаките резултираше со жестока дебата и напуштање на тројцата членови Зендели Адеми и Мустафа.

Таа седница продолжува утре, а на дневен ред е и точката дали ќе има избор на двајца членови на советот што спред познавачите но и изворите на Телма е „жешкиот костен“.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе