Вести Македонија Топ вести

Сè уште трае административната постапка за одобрување на вакцината против пертусис за возрасни

За вакцините за возрасни против пертусис во тек се административни процедури во Агенцијата за лекови и медицински средства за нивна регистрација, по што ќе бидат достапни во Центар за јавно здравје-Скопје.Производител на вакцината е Санофи, Франција. За цената на вакцините за возрасни  ќе се одлучува по завршување на административите процедури во МАЛМЕД, велат од Министерство за здравство.

Се уште трае административната постапка за одобрување на вакцината против пертусис  наменета за возрасни на ниво на Министерство за здравство и Агенцијата за лекови и медицински средства за нивна регистрација, дури потоа ќе бидат достапни во Центар за јавно здравје-Скопје, и покрај тоа што вакцините пристигнаа во Македонија минатата недела,  на 15 март. Станува збор за ограничен број вакцини, 50 дози, но секако доколку е потребно ќе бидат обезбедени дополнително, вели професор Грозданова, национален координатор за имунизација на Македонија. Вакцините се наменети за трудници од трет триместар, кои не се имунизирани со вакцина против пертусис.

  • Епидемијата првенствено се движи помеѓу младата популација, децата до 14 годишна возраст и за нив имаме доволно количини од вакцините  што се наменети за нив. Овие вакцини се наменети првенствено за трудниците во третиот триместар од нивната бременост со цел да се заштити трудницата меѓутоа многу повеќе да се заштити новороденчето преку пренесување на тој имунитет затоа што новороднечето е најизложено на компликации од болеста пертусис особено во првите месеци кога се уште не е вакцинирано. По календарот на имунизација првата вакцина се прима на два месеци. Вакцинирајќи ја мајката го заштитуваме новороденчето кај кое оваа болест може да биде многу сериозна- проф.д-р Александра Грозданова, Национален координатор за имунизација на РСМ.

Доколку ги имаме предвид препораките на Комисијата за заразни болести во однос на вакцините за возрасни дека тие ќе бидат наменети и за возрасните кои живеат во семејства со деца под две години и вработени кои се во контакт со деца на оваа возраст, што во овој случај ?

  • Препораките на Комисијата за заразни боолести беше за пошироката група на популација, која на некој начин може да дојде во контакт и ризична по однос на развој на пертусис, меѓутоа во исто време беа дадени препораки кај овие лица да се користи и антибиотска профилакса секако многу рационално, со цел да дадеме еден друг тек на епидемијата да се спречи ширењето и пролонгирањето на епидемијата- проф.д-р Александра Грозданова, Национален координатор за имунизација на РСМ.

За цената на вакцините за возрасни  ќе се одлучува по завршување на административите процедури во МАЛМЕД, велат од Министерство за здравство. Денес Центарот за јавно здравје- Скопје регистрираше 14 нови случаи на пертусис.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе