Вести Македонија Топ вести

Потпишани барањата за екстрадиција на Муареми и Чајани

Министерот за правда Кренар Лога денеска ги потпиша барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми, водач на криминалната група од скопски Грчец и близок соработник на ликвидираниот Орхан Бајрами водач на нарко кланот „Дуќанџик“ и на Мухамед Чајани.

Двајцата, според инфромациите на безбедносните служби, се наоѓаат веќе извесен период во Дубаи, каде заминале непосредно по ликвидацијата на Јетон Кривањева и Енес Исени во „Шиша бар“ во скопската Стара чаршија.

„Министерот за правда Кренар Лога ги потпиша барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани. Барањата откако ќе бидат преведени ќе бидат проследени до МНР на натамошно постапување до Обединетите Арапски Емирати“, соопштија од Министерството за правда.

Постапката за екстрадиција од оваа земја од Обединетите Арапски Емирати е иста како сите други постапки за екстрадиција, а единствената разлика е што барањата се упатуваат преку МНР.

„Со нив немаме билатерален договор и не се членки на Конвенциите на Обединетите нации кои покриваат широк спектар на дела, како што се транснационален и организиран криминал, корупција, недозволена трговија со дрога, трговија со оружје, луѓе. Доколку овие Конвенции не го опфаќаат кривичното дело за кое е распишана меѓународна потерница се применува принципот на реципроцитет“, порачаа од Правда.

Во рамките на истрагата за двојното убиство во „Шиша Бар“ и ликвидацијата на Бајрами во Ханиоти, Грција МВР распиша потерница по седум лица, сите од селото Грчец и блиски соработници на Муареми. Второосомничен е 50-годишниот Дритон Ибиши кој е во притвор во Барселона како и Мухамед Далипи кој најверојатно се крие во Косово.

Војната меѓу двата најмоќни нарко-кланови „Дуќанџик“ и „Беланоца“ трае повеќе од една година. Последна во низата ликвидации беше онаа на Зељкиф Туша, татко на Гани Туша член на криминалнатѕа група „Барон“ од Чаир и осомничен за ликвидацијата на Бајрами во Грција.

Лидерот на кланот „Беланоца“ Фатљум Ајети се наоѓа во Идризово каде издржува долгогодишна затворска казна.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе