Вести Македонија Топ вести

На полноќ истекува рокот за претседателски кандидатури

До сега до ДИК се доставени пет кандидатури за претседател. Претпладнево Билјана Ванковска ги поднесе пријавата и собраните потписи, а вчера тоа го сторија: Стево Пендаровски, Стевчо Јакимовски, Максим Димитриевски и Арбен Таравари.

Се очекува до истекот на крајниот рок, до полноќ, тоа да го сторат и Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи. По истекот на пријавувањето за гласање, се знае дека дијаспората ќе гласа за претседател, а нема да гласа за пратеници.

Вечерва на полноќ вратите на ДИК ќе се затворат за прием на кандидатури за претседател. Комисијата има рок од 24 часа да ја потврди листата или да побара од подносителот да ги отстрани евентуалните неправилности. Редоследот на потврдените  кандидати на гласачкото ливче ќе се утврди со жрепка најдоцна до 28-ми март.

За претседателските избори на 24-ти април ќе се организира гласање и во 20-тина други држави во кои се пријавиле доволен број наши граѓани. Ќе се гласа во оние дипломатско-конзуларни претставништва во кои има над 10 пријавени гласачи.

Најмногу има во Германија, САД и Словенија. Во Украина, Бразил и Луксембург има само по една пријава, во Србија 29, во Бугарија 21-на, во Албанија 5, а во Црна Гора ниту една. До 9 часот изутринава вкупно се пријавиле 2 илјади 943. Дури и да бидат прифатени сите пријави, нашите со привремен престој во странство и иселениците нема да гласаат за пратеници на 8 мај. Бројот на пријавени е далеку од потребните 5 илјади 355.

За поднесување кандидатски листи за пратеници има уште две недели. Изборната единица 1 повторно ќе биде место за соочување на лидерите: Димитар Ковачевски, Христијан Мицкоски, Изет Меџити, Димитар Апасиев и други. Во другите единици, ВМРО ДПМНЕ ги планира Владо Мисајловски, Драган Ковачки, Александар Николоски, Дафина Стојаноска, Ѓорѓи Сајкоски, а СДСМ – Оливер Спасовски, Сања Лукаревска, Фатмир Битиќи, Венко Филипче, Славјанка Петровска…Во „шестката“ ќе се соочат други двајца лидери: Али Ахмети и Билал Касами. Носителите и другите кандидати треба да бидат потврдени од партиските тела и составени во договор со коалициските партнери. Конгресот на СДСМ тоа ќе го стори оваа сабота.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе