Вести Македонија Топ вести

Веапоска: Овие доктори не ми го спасија животот- но според новото вештачење органите морало да и’ се извадат

Со сослушување на вештото лице кое  го изработи вештачењето на барање на одбраната на тројцата обвинети лекари од Струшката болница,  денеска  во Струга продолжи судскиот процес  за случајот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска, која при породувањето остана без, матка, бубрег и јајник.

Вештачењето на одбраната е спротивно со она на Судска медицина и вештакот тврди дека лекарите не направиле пропсут при лекувањето туку спасиле еден млад живот.

  • Самиот вештак не даде конкретен одговор на моите вкрстени прашања. Јас затоа сум убеден дека има само едно вештачење, а тоа е на судска медицина, кое покажува дека се пропуштени многу работи при операцијата“, изјави Сашо Јанев, адвокат на Јилдиз Веапоска.

Веапоска, пак се прашува како лекарите во Болницата во Струга и го спасиле животот, кога во кома и без три органи била пренесена на скопските клиники каде имала уште една операција.

  • Овие доктори не ми го спасија животот, овие доктори ми го упропастија животот, ме направија инвaлид, не можам повеќе да раѓам и не можам повеќе да имам деца, изјави Веапоска.

Адвокатот на  еден од обвинетите лекари,  Александар Новаковски вели дека  ќе следи  усогласување на двете вештачења, а потоа ќе се одлучува за дополнителни предлози.

  • Медицински различни се спротивставени тврдењата за тоа дали било неопходно да се направи хистериктомија или не и како настанале повредите. Стручните лица треба да се усогласта а стои и опцијата за супервештачење, рече Александар  Новакоски. Адвокат

Тројцата обвинети лекари   Мухамед Асани,  неговиот син Блертон Асасани и  Лилјана Јованоска,  се товарат за предизвикување тешки дела против здравјето на луѓето. Асани и денеска не сакаше да зборува пред камера

  • Докторе може да го слушнеме вашиот став?
  • Ќе го слушнете на крај, рече обвинетиот Мухамед Асани.

Судењето продолжува во април.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе