Вести Свет Топ вести

Нема потврден случај, но има патоген агенс околу Херсон – СЗО предупреди на ризик од колера

Уривањето на браната Каховка отвори нов фронт за Украина. Покрај воениот со Русија, украинските власти се соочуваат и со опасноста од појава на колера, предупреди Светската здравствена организација. Санитарниот надзор е засилен по истекување на акулумацијата на реката Дњепар, иако засега не е утврден ниту еден случај. Земени се примероци од околината кои укажуваат дека е присутен патоген агенс, што значи дека ризик од појава на колера, сепак, постои.

„Поради поплавување на големо подрачје по уривање на браната Каховка на реката Дњепар, на југот на Украина, засилен е епидемиолошкиот надзор на болести кои се пренесуваат преку вода“, изјави Тереза Закарија, задолжена за итни операции во СЗО.

Тоа не е и единствениот проблем за Украинците по уривање на браната Каховка. Водата, која неконтролирано истече од акулумацијата, повлече со себе и голем број на мини кои може да претставуваат проблем во наредните децении по југот на земјата, предупреди Црвениот крст.

Претседателот на Украина, Зеленски ги обвини Русите за екоцид по уривање на браната Каховка, но и дека дополнително ја влошуваат ситуацијата, како што рече, со гранатирање и на точки за евакуација на населението.

Украинската разузнувачка служба сооопшти дека, наводно, пресретнала телефонски повик за кој тврди дека докажува оти Русите ја дигнале во воздух браната Каховка. Таквите информации, сепак, не се независно потврдени.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе