Вести Свет Топ вести

Русите тврдат – уништивме американски систем „Патриот“, Украинците тврдат – соборивме шест „Кинџал“ ракети

Русија тврди дека уништила системи за противвоздушна одбрана од типот „Патроит“ кои биле разместени во околината на Киев. Украинците, истовремено, тврдат дека собориле шест руски ракети од типот „Кинџал“. Доколку првото тврдење е точно, тогаш тоа е прв судир на американско и руско оружје. Доколку, пак, е точно второто тврдење, тогаш претставува уште една шлаканица за руската војска од почетокот на војната, со оглед дека ракетите од споменатиот тип претставуваа гордост на официјална Москва во изминатите години.

Според Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана, вооружените сили на Русија ноќеска извеле концентрирани удари со прецизно оружје врз воени објекти во Украина.

„Противвоздушен систем од типот „Патроит“ е уништен со прецизен погодок со хиперсонична ракета „Кинџал““, пренесува ТАСС зборови на Конашенков.

Мета биле пунктови на разместување на Оружените сили на Украина, складишта со муниција, вооружување и воена опрема, вклучувајќи и онаа што е испорачана од западните земји, додаде Конашенков.

„Целта на ударите е постигната. Сите поставени цели се погодени“, истакна Конашенков.

Од Киев сè уште не се произнеле по таквите тврдења. Но, затоа пристигнаа тврдењата за уништување на моќно руско оружје.

„Околу 3 часот утрово, на 16 мај, руските окупатори ја нападнаа Украина од север, од исток и од југ со 18 различни типови на ракети, лансирани од воздух, од море и од копно“, објави врховниот командант на украинските вооружени сили, Валериј Залужњи, додавајќи дека украинските сили пресретнале и собориле шест аеробалистички проектили „Кинџал“ кои, според него, биле лансирани од шест авиони Миг -31К, девет крстосувачки ракети од типот „Калибр“, лансирани од бродови во Црното Море и три проектили лансирани од земја од системите С-400 и Искандер-М.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европска недела на имунизација- Слушајте ги научниците, не дезинформациите

Дејан Дејан

Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе