Вести Македонија Топ вести

Никој од надлежните не открива зошто и како малолетно девојче две години престојувало кај жената која го подведувала

Не била во згрижувачко семејство но не била ниту во својот дом. 14-годишното девојче жртва на сексуална злоупотреба не било во згрижувачко семејство односно не било сместено од социјалните служби. Ова за Телма го одговорија од министерството за труд и социјала два дена по поставените прашања и повеќе денови по објавените информации за грозоморниот случај.

  • МТСП: За времето кога се случувале настаните за кои се пишува по медиумите случајот воопшто не бил пријавен до стручните служби на Центарот за социјални работи односно Центарот е повикан на терен во врска со пријава од друг вид на ризик по што се дознаваат и настаните кои се случувале претходно.

По приведувањето на 10 мината осомничени, обвинителството објави дека во летото 2020 првоосомничената, го прифатила четиринаесетгодишното дете – жртва во својот дом, а подоцна и нејзините десетгодишна сестра и седумгодишен брат за да се грижи за нив поради нарушените односи во нивното семејство.

Зошто и како овие деца завршиле кај таа жена,  кој знел за тоа, зошто биле потребни повеке од две години за да се открие пеколот низ кој минуваат овие деца, надлежните не откриваат.

Од Министерството за труд и социјала велат дека во моментот детето е на безбедно но не можат да споделат други детали бидејки се работи за малолетната жртва.

  • МТСП: Во согласност со најдобриот интерес на детето, преземени се сите дејствија за негово згрижување и заштита, добива соодветна стручна психо-социјална помош и поддршка, успешно се ресоцијализира, вклучено е во редовен воспитно образовен процес.

51 годишната жена на која сега и се закануваат најмалку 10 години затвор за трговија со дете  го присилувала девојчето на полови дејствија со другите осомничени за суми од 50 до 200 евра.  За да молчи му се заканувала дека братот и сестрата ќе ги даде во дом или е ги врати кај мајка им. 9 мина од 11 осомничени се во притвор.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европска недела на имунизација- Слушајте ги научниците, не дезинформациите

Дејан Дејан

Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе